57-годишна жена од Струмица се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на крстосница во градот.
„На 05.10.2026 во 14:15 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосница од бул. „Ленинова“, ул. „Цветан Димов“ и ул. „Браќа Миладинови“ во Струмица, патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 79-годишниот Ј.Џ. од Струмица, удрило во 57-годишната С.А. од Струмица“, соопшти МВР.
Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
„Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица“, наведуваат од полицијата.
























