strumica denes logo

Времето денес ќе биде облачно со лаб локален дожд, од четврток се очекува значително заладување

Автор:

Датум:

декември 12, 2023

Автор:

Датум:

декември 12, 2023

Претпладне во западните и источните делови со услови за слаб локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот сончево со мала, а во западните делови со умерена до значителна облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

До четврток ќе се задржи претежно стабилно време со појава на магла по котлините. Денес претпладне во западните и источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Дневната температура ќе биде во пораст, освен по одделни котлини каде ќе има појава на магла или ниска облачност. Од четврток попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во петок и во сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места. Температурата насекаде ќе опадне.