strumica denes logo

ЖАН ДРВОШАНОВ: РАСПАДОТ НА СТРУМИЧКОТО СДС ЕТЕ ПОЧНА ДА НИ ТЕЧЕ НИЗ ЦЕВИТЕ ЗА ВОДА, ПА ЗА ЖАЛ СТРИМИЧАНИ СЕ СООЧЕНИ СО ВИСТИНСКАТА СОСТОЈБА

Автор:

Датум:

септември 27, 2024

Автор:

Датум:

септември 27, 2024

Жан Дрвошанов, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија:

Почитувани сограѓани, драги струмичани – без паника!
Треба да се има разбирање за состојбата во СДС Струмица во која врхушката е растресена.
А особено паника постои во редовите на оние на кои им претстои губење на следните локални избори – екипата на Костадин Костадинов.

Денеска кажува дека Владата му прави опструкции во снабдување на струмичани со вода.
Наводно му испорачувале заматена вода и му правеле проблеми со сметката.
Струмичани ја знаат басната: ,,Јагнето што му ја матело водата на волкот”.
Па затоа нема да го сфатат многу сериозно.

Наместо да одговорат зошто не плаќале вода како што ние си ги плаќаме редовно нашите сметки, Костадин Костадинов ги споделува своите панични напади.

Како сте можеле како Општина Струмица да не плаќате вода ? Тоа е суштинското прашање. Сте ги изневериле редовните плаќачи со милиони задолжувања кон Јавното претпријатие.
Хидролошките услови ја исцедиле браната за која требало да се води грижа. За жал, повторно тука ги среќаваме кадрите на Партијата на Костадинов. Ама, ако природата ја исцедила браната прашањето е каде се исцедиле парите?
По конкретно прашуваме: Каде се парите ? Од каде тие милионски долгови. Вие ќе си одите, ќе останат на народот.

Распадот на Струмичкото СДС ете почна да ни тече низ цевите за вода, па за жал Струмичани се соочени со вистинската состојба.

Освен овој несакан расплет, денеска расплет започнуват да добиват и некои други активности преку нивно законско разгледување .
Па паниката е јасна.
Се нема храброст: Да се поднесе Оставка !

Конечно, ВМРО- ДПМНЕ доби важна задача од народот да ги расчисти сите вересии.