strumica denes logo

ВЛАДИМИР РИСТОВ: Сите градоначалници разбрале, само Костадинов не разбрал како се аплицира за проекти од Владата!

Автор:

Датум:

октомври 25, 2024

Автор:

Датум:

октомври 25, 2024

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Костадинов ја остава Општина Струмица без 140 милиони денари, бидејќи аплицирал на повикот од Владата со веќе тендериран проект и со тоа не ги исполнил условите за учество на повикот.

Костадинов наместо да се засрами од грешката која ја направил, фрла дрва и камења по Владата, по ЗЕЛС, по ВМРО-ДПМНЕ, и се бори да освои минута повеќе во медиумскиот простор со жални пресконференции и статуси.

77 градоначалници разбрале како се аплицира за проекти, меѓу кои и сите неговите колеги градоначалници од СДСМ, само Костадинов не разбрал дека за веќе тендериран проект не се аплицира.

Повеќето општини аплицирале со повеќе проекти, пет, десет, петнаесет проекти, Костадинов аплицирал со само еден единствен проект за пазар од 5 милиони евра.

Општините аплицирање за системи за водоснабдување, системи за канализација, асфалтирање улици и патишта, санација на објекти и други за потребите на граѓаните, а Општина Струмица напишала грешна апликација за барање финансии за најскапиот пазар во Македонија.

И наместо да се фати за работа за да аплицира со проекти на продолжениот рок, неговата безидејност оди до таму да се заканува дека ќе го напушти ЗЕЛС.

Премиерот Мицкоски му даде рок на Костадинов до 15 ноември да аплицира за проекти се со цел струмичани, поради неспособното општинско раководство, да не останат без финансиите кои се предвидени за проекти во Општина Струмица.

Додека има време наместо празни соопштенија по медиумите нека ги засука ракавите и Општина Струмица да изготви проекти за реконструкција и модернизирање на филтер станицата, нека направи проект за довршување на канализациите во Банско и Дабиле, асфалтирање на дупките во Костурино, нека аплицира за булеварот Климент Охридски, нека аплицира за проекти поврзани со решавање на проблемот со вода за пиење и во Струмица, во Банско, во Куклиш, во Раборци, нека аплицира со проект Младинска да не се поплавува или проект за покривање на канавките во Муртино, проект за греење на училишните спортски сали, нека аплицира за проекти за асалтирање улици, проект за депонија и многу други кои се реални проблеми на граѓаните.

Штетата од лошото менаџирање на Општина Струмица од страна на Костадинов ја трпат граѓаните на Општина Струмица.

Со лошото менаџирање Општината ризикува да изгуби 140 милиони денари, а последиците од напуштање на ЗЕЛС ќе бидат штетни за струмичани.