strumica denes logo

МИЦКОСКИ СО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЗАМЕНИК МИНИСТРИТЕ: Бидете чесни и посветени, нема да толерирам неодговорност!

Автор:

Датум:

јули 25, 2024

Автор:

Датум:

јули 25, 2024

Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска до Собранието ги достави и последните кадровски решенија за новиот владин состав, истакна дека за новата влада приоритет ќе биде отворање нови работни места и создавање поволна бизнис клима.

На новите заменик министри премиерот им порача да работат чесно, посветено и одговорно, како и дека секое отстапување од овие принципи ќе значи одговорност.

– Јас сум човек кој дава шанса и сметам дека треба шанса да добијат овие луѓе, кои денес ги предлагам и кои треба да работат напорно во исполнување на целите. Со изборот на овие заменици на министрите, нашата цел е да ја зацврстиме стабилноста на Владата и да обезбедиме ефикасна и компетентна извршна власт. Новиот тим ќе донесе свежи идеи и енергија во Владата. Тие ќе работат заедно со министрите за да ги реализираат реформите кои ќе придонесат за подобрување на животниот стандард на сите граѓани – порача премиерот Мицкоски.

Покрај избор на заменик министри, на 11 собраниска седницата, на дневен ред е и изборот на новиот генерален скеретар на влададата, Бобан Стојановски, како и измените на законот за здравствена заштита, со што ќе се укинат економските директори на клиниките.