Коста Костадинов, градоначалник на општина Струмица:
Во Струмица не сакам да има простор за омраза, црнила и лаги.
Сакам деновите кои ни претстојат да ја уживаме позитивата, љубовта, радоста на празниците!
Новогодишните бои ја разубавија Струмица.
Започна претпразничната магија!
И оваа година Струмица блесна во полн сјај со новогодишното украсување на повеќе локации во градот. Најголемата елка во државата поставена на градскиот плоштад, а новогодишниот амбиент е надополнет и со други светлосни фигури.
Нека ни биде најубаво и весело!
Од срце за сите вас драги мои!