strumica denes logo

Исплатени 1,3 милијарди денари субвенции за земјоделците во Македонија!

Автор:

Датум:

октомври 21, 2024

Автор:

Датум:

октомври 21, 2024

На повеќе од 20 илјади земјоделци им се исплатени 1,3 милијарди денари субвенции, пари што се обезбедени со ребалансот на буџетот, преку консолидирање на приходите. Овие пари, како што истакна премиерот Христијан Мицкоски, досега биле мисловна именка.

– Нешто што досега претставуваше мисловна именка, нешто што беше невозможно, со консолидирање на приходите во буџетот, со повеќе приходи, со ребалансот, успеавме да обезбедиме за повеќе од 20 илјади земјоделци повеќе од една милијарда и три стотини милиони денари за субвенции, нешто што досега, ќе повторам, не беше можно – потенцира Мицкоски.

Тој, исто така, потсети на добрата цена за лозарите, на поддршката за производителите на сливи и на вонредните мерки за производителите на јачмен и на пченица, додавајќи дека по откупот на јаболката, кој се одвива моментално, фокус ќе бидат тутунарите.

– Ова консолидирање продолжува и во следната година. Ќе ве потсетам дека имавме исклучително добра цена за лозарите, за оние што се занимаваат со лозарството, исто така поддршка за одгледувачите на сливи, имавме вонредни мерки за производителите на јачмен и на пченица, со јаболкото, сега-засега, состојбата е одлична со откупот, понатаму фокус се тутунарите – нагласи Мицкоски.