strumica denes logo

ИСТОРИЈА ВО МАКЕДОНСКАТА МЕДИЦИНА: Оперирано е срце на бебе тешко само 2,5 килограми – Браво за медицинскиот херој Д-р Чадиковски!

Автор:

Датум:

април 6, 2026

Автор:

Датум:

април 6, 2026

Владимир Чадиковски уште еднаш потврди зошто со право го носи епитетот „медицински херој“. Македонскиот детски кардиохирург изведе шестчасовна сложена операција на срце кај бебе тешко само 2,5 килограми. По 11 дена поминати на апарат кој ги заменува функциите на срцето и белите дробови (ЕСМО), малото херојче за првпат е успешно одвоено од машината.

Убавата вест ја сподели самиот доктор, кој во својата објава истакна:

„По шестчасовна тешка операција на срце кај бебе тешко само 2,5 кг, и по 11 дена поминати на ЕСМО… денес, за првпат во Македонија, детето успешно е одвоено од машината.“

Овој исклучителен успех претставува голем чекор напред за македонската медицина и уште една потврда за посветеноста и стручноста на домашните лекари. Останува надежта за брзо и успешно закрепнување на бебето во наредните денови, како и огромна благодарност и честитки до целиот медицински тим.