При претрес во Доброшинци, пронајдена дрога и лишено од слобода едно лице.
Како што информираат од МВР, вчера (05.09.2025) во 20:30 часот во с.Владевци, општина Василево, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода К.П.(30) од с.Доброшинци, општина Василево.
При извршен претрес во неговиот дом и други простории во с. Доброшинци, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага со остатоци од бела материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.