strumica denes logo

ПОТПИШАНИ РЕШЕНИЈАТА ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ ОД 80.000 ДЕНАРИ НА СТРУМИЧКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ!

Автор:

Датум:

септември 7, 2025

Автор:

Датум:

септември 7, 2025

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, ги потпиша решенијата со кои основната плата на секој пожарникар-спасител од Територијалната противпожарна единица Струмица се покачува на 80.000 денари.

Со оваа одлука, струмичките пожарникари стануваат први и единствени во државата, не само во рамките на противпожарните единици, туку и во целиот систем за заштита и спасување, кои ќе го добијат заслуженото место во системот на вредности.

„Големите луѓе со храбри одлуки и смели визионерски чекори ќе бидат запаметени во историјата,“ истакна Костадинов, нагласувајќи дека ова претставува значаен чекор кон унапредување на статусот и мотивацијата на пожарникарите-спасители.