РЕАКЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА:
Лагите на СДСМ во Струмица немаат крај.
И двајцата нивни кандидати изјавија дека воделе на иста партиска анкета на СДСМ.
Деновиве сме сведоци на агресивен маркетинг на Костадинов, како Chat GPT, на медиум кој го пропадна фирма од неговото семејство.
Костадинов во медиумите исто така изјави дека води на акетите во СДСМ и очекува да биде кандидат на СДСМ како партија.
Даскаловски кој исто така е кандидат за градоначалник на СДСМ за медиум изјави дека води на внатрепартиските анкети.
Како е можно и двата кандидати да водат на иста анкета? Самите се лажат или пробуваат да ги лажат струмичани.
Истите Пи Ар аргументи СДСМ ги користи како во внатрепартиските пресметки така и за лажно претставување пред струмичани.
Ликови како Даскаловски и Костадинов редно е повеќе да не се занимаваат со политика, бидејќи долги години како носители на позиции во Струмица ја уништија општината.
Реалноста е дека и двата кандидати на СДСМ немаат кредибилитет кај граѓаните, немаат ни доверба, ниту рејтинг.
Време е за промени во Струмица!