Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Буџетот во 2025 година за улиците и патишта, јавната чистота и животна средина, водоводи, култура, спорт се намалени и до 50 проценти за да се покријат трошоците за најскапите автобуси во Европа.
СДСМ во Струмица цели 20 години го касапи општинскиот буџет за задоволување на поединечни потреби.
За преоптоварување на буџетот зборувавме цела година, но сега во предлог буџетот на Градоначалникот на Општина Струмица може да се види се што ќе загуби Струмица за во наредните 7 години да се покрива дупката која за функционирање на електричните автобуси ќе изнесува 120 милиони денари годишно.
Голем дел од програмите што треба да се реализираат 2025 година се намалени за 50 проценти, некои 60 и повеќе проценти споредбено со буџетот за 2024 за да може да се покријат трошоците за најскапите автобуси во Европа.
Буџетот за улици, локални патишта и нивно одржување е намелен за околу 40% во споредба со минатата години, односно има планирано 43 милиони денари помалку во споредба со 2024 година.
Буџетот за јавна чистота, одржување на паркови и зеленила, капитални инвестиции и одржување на заштитата на животната средини е намален за 40% споредбено со минатата година, односно 19 милиони денари помалку.
Буџетот за системи за водоснабдување, за најгоркиот проблем кои го почувствуваа струмичани оваа година е намален за 10% во 2025, односно 1,5 милиони денари помалку.
Спортските клубови ќе добијат 50% помалку дотации споредбено со 2024 години или 10 милиони денари помалку. Исто за 50% е намалена и програмата за спортска инфраструктура односно 6 милиони денари помалку.
Програмата за култура е намалена за 50%, односно 13 милиони денари помалку за културни манифестации.
Намалени се и програмите за јавно осветлување за 8 милиони, локалниот економски развој за 1 милион, капитални расходи за рурални подрачја 2 милиони.
Потребни се промени во Струмица за конечно уривање на 20 годишно шаблонско, недомаќинско и профитерско работење на истите лица од СДСМ со општината.