ВМРО-ДПМНЕ ОК Струмица денеска ќе одбележи 34 години од формирањето на општинскиот комитет.
„Ве покануваме на 8.7.2024 (понеделник) во големата сала на НУЦК ,,Антон Панов” (Дом на Култура) со почеток во 20:00 часот да присуствувате на свеченоста“, стои во соопштението на партијата.
На настанот ќе се обратат претседателот на ОК Струмица, Жан Дрвошанов, потпретседателот на Собранието на РМ и член на ИК, Антонијо Милошоски и потпретседателот на ВМРО-ДПМПЕ и потпретседател на Владата на РМ, Александар Николоски!