Пораснавме со него, со малиот принц од бајките. Кој вели дека Могли е само лик од приказните?
Нашиот Игор беше вистински пример дека тој навистина постоеше…
Неговиот див карактер пренесен во неговите улоги, а сепак слаткото лице со широкоа насмевка беше секојдневието кое го гледавме крај малите екрани и на детските престави. За мене ќе остане детето кое никогаш не успеа да порасне.
И повторно во него пронаоѓам уште еден лик од приказните – Петар Пан.
Го гледав документарецот, па зарем постои поголема тага од прерано згаснатиот живот? Зборовите на неговите најблиски, неговите колеги и пријатели бодат како нож длабоко во срцето… Зошто? Затоа што имавме ангел од човек кој повеќе не е меѓу нас. Затоа што слушнав само убавина, ниту една гнасотија не произлезе од нивните усни.
Сувишно е да се говори, само молк и полна торба спомени од едно убаво време, едно поинакво време…
Време на бајки и слатки приказни за добра ноќ…
Марија Прличкова за Игор Маџиров.