Општина Василево и оваа година по трет пат се приклучи на најголемата еколошка акција во државата – Генералка викенд 2026, со што уште еднаш ја потврди својата посветеност кон зачувувањето на животната средина и подигнувањето на еколошката свест кај граѓаните.
Во рамки на акцијата, беа исчистени повеќе јавни површини во неколку населени места на територијата на општината, а во реализацијата активно учествуваа вработени во општинската администрација, ученици и наставници од двете општински училишта.
Градоначалникот Славе Андонов упати благодарност до сите учесници кои со својата ангажираност придонеле за успешно спроведување на акцијата, истакнувајќи дека Општина Василево и понатаму ќе биде партнер на сите општествено одговорни организации и иницијативи кои придонесуваат за почиста и поздрава животна средина.





















