Општина Струмица успешно ја реализираше овогодишната еколошка акција „Генералка Викенд 2026“, која се спроведе во дворовите на основните училишта во градот, како и на повеќе локации низ Струмица, во соработка со ЈПКД Комуналец и учениците од СОУ Јане Сандански.
Во рамки на акцијата се реализираше чистење на повеќе критични точки во градот, меѓу кои улицата кај Агрокор, улицата „Цветан Димов“, просторот околу стадионот и самиот стадион, како и улицата „Климент Охридски“ на влезот од Струмица од страната на Валандово, во близина на Жито Струмица.
Од Општина Струмица посочуваат дека „Генералка Викенд 2026“ е една од активностите кои се реализираат со цел подигнување на јавната свест за значењето на собирањето и рециклирањето на отпадот, како и за зачувување и унапредување на животната средина.
Со заедничка акција, одговорност и грижа за околината, институциите, учениците и комуналните служби уште еднаш покажаа дека чистата и уредена животна средина е заедничка обврска на сите граѓани.





















