strumica denes logo

Доаѓа циклонот „Ален“- подгответе се за пад на температурите, дожд и снег

Автор:

Датум:

мај 3, 2019

Автор:

Датум:

мај 3, 2019

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМАТА

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Од петок и за викендот Балканот ќе биде зафатен од циклонот „Ален“, кој прво ќе предизвика дожд, а од недела кон понеделник ќе се спушти постуден воздух, ќе има пад на температурите и на повисоките места и планините поинтензивни врнежи од снег.

Кај нас овој викенд очекуваме поинтензивни врнежи од дожд со појава на невреме, заладувањето ќе стигне понеделник кон вторник каде се очекува врнежите од дожд да преминат во снег.

Во текот на следната недела ќе има променливо време. Од среда се очекува затоплување на времето. Според подолгорочните анализи, од јуни очекуваме потопло време и се очекува летово да има повеќе топлотни бранови со што ќе има температури над 40 Целзиусови степени.