Како ќе учат учениците од прво до трето одделеение ќе одлучуваат родителите, сите останати ќе ја почнат учебната година он лајн. Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести со физичко присуство во училниците да бидат само првите одделенија, но им оставаат простор на семејствата да бираат дали детето ќе оди во училиште или ќе учи од дома.
– Децата од прво до трето одделение, кај што е инциденцата најмала, бидејќи 3 до 4 проценти од нив се заразуваат со коронавирус и главно се асимптоматични, ќе може да посетуваат настава со физичко присуство. Секако може и онлајн да ја следат, ќе има можност за избор на родителот. Има семејства со хронично болни родители, деца на оваа возраст кои се чувани од повозрасни лица, од баби и дедовци кои се ризична група. Оттаму родителите ќе имаат избор дали децата од прво до трето одделение ќе одат на училиште, или ќе следат онлајн настава од дома“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Заштитни маски ќе носат сите деца кои ќе одат во училиштата, часовите ќе бидат скратени во паралелка нема да има повеќе од 20 дена и ќе мора да седат на растојание од 1,5 метри. Ова се само дел од здравствените пр отоколки кои ќе треба да ги почитуваат учениците од прво до трето. Од друга стрна, од образование велат дека го подготвуваат и надградуваат системот за он лајн настава.
-Продолжува да се надградува платформата Едуино.мк, на која се ставаат видеолекции и ќе има теми и материјали во согласност со наставната програма за првото полугодие и тримесечје. Во меѓувреме, со Министерството за информатичко општество и администрација се работи на унифицираната национална платформа за учење од далечина, рече Адеми, нагласувајќи дека ова било тешка одлука и донесена низ бројни консултации и со инклузивен пристап за најбезбедно решение, изјави Арбр Адеми, министер за образование.
Која ќе биде индикацијата за затворање на училиштата – дали еден, двајца или повеќе заразени ученици или ќе зависи од бројот на случаи во општината.
-Ако има еден сомнителен ученик, неопходна ќе биде епидемиолошка анкета, но секако, ние веќе имаме план за наесен и секако ако во некои региони има зголемен број на заразени тоа ќе значи и рестриктивни мерки а меѓу нив и затворање на училишта, вели Филипче.
Стартот на учебната година ќе биде најрано на 15-ти септември бидејќи се неопходни законски измени.