strumica denes logo

ПОТВРДЕНИ НОВИ 66 СЛУЧАИ НА КОРОНА ВИРУС ВО МАКЕДОНИЈА – ВКУПНАТА БРОЈКА ИЗНЕСУВА 974 ЛИЦА!

Автор:

Датум:

април 15, 2020

Категории:

Здравје

Автор:

Датум:

април 15, 2020

Категории:

Здравје

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19. По градови:

– Скопје-10

– Куманово-27

– Штип-3

– Прилеп-4

– Тетово-5

– Струга-4

– Велес-2

– Охрид-5

– Гостивар-1

– Кочани-3

– Неготино-2

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 974 лица.

Во изминатото деноноќие направени се 500 теста.

За пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на Ковид-19.

Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот. Согласно конечната потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.

Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.