Perdormire
Временска прогноза

Временска прогноза: Променливо облачно, попладне услови за локални врнежи од дожд

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно, попладне во западните делови значително облачно со локален дожд, наместа пороен и со услови за ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од два до 11, а дневната од 21 до 27 степени.

Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската темптература ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 25 степени.

Од вторник ќе преовладува претежно сончево време, со малку постудени утра.