strumica denes logo

СТРУМИЧАНЕЦОТ КИРО ДОНЕВ МЕЃУ НОМИНИРАНИТЕ ЗА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА „АСТРИД ЛИНДГРЕН“ ЗА 2027 ГОДИНА

Автор:

Датум:

октомври 15, 2026

Автор:

Датум:

октомври 15, 2026

Струмичкиот писател Киро Донев е меѓу 277 кандидати од 80 земји номинирани за престижната награда „Астрид Линдгрен“ за 2027 година. Неговата кандидатура ја предложи Институтот за детска книжевност од Србија, кој ја соопшти информацијата.

Донев, како автор од Македонија, се најде на меѓународната листа на кандидати за ова значајно признание во областа на книжевноста за деца. Номинацијата го става неговото творештво во фокусот на меѓународната книжевна јавност и претставува убава вест за Струмица и за македонската литература.

Покрај Киро Донев, Институтот за детска книжевност од Србија ги предложи и Мошо Одаловиќ од Србија и Жарко Вучиниќ од Црна Гора.

Името на добитникот на наградата „Астрид Линдгрен“ за 2027 година ќе биде објавено на 6 април 2027 година.