strumica denes logo

Славчо Попоски: Следува голема топлина, во ноември температури и до 30 степени!

Автор:

Датум:

октомври 29, 2018

Автор:

Датум:

октомври 29, 2018

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Со оглед на тоа дека првата декада од месецот ноември ќе биде екстремно топла, со неверојани температури на воздухот, кој во делови од државава ќе се искачат дури до околу 30 °C, истиот во целост, се очекува да биде и натрпосечно топол, токму поради тоа што барем засега на видик нема некое поголемо заладување на времето.

Што се однесува до врнежите, тие би биле нешто под просекот, што значи очекуваме нешто помали врнежи од вообичаените за ноември месец. Ако временските услови продолжат со ова темпо, граѓаните би можеле и тоа како да заштедат, поради тоа што ваквите временски услови ќе условат и помал трошок околу греењето како и помали сметки, додека оние кој се грат на дрва ќе заштедат токму на нив.