Во рамките на проектот финансиран од Детската Фондација Песталоци, учениците од основното општинско училиште „Маршал Тито“ од Муртино, реализираа активност која беше планирана во рамките на секцијата по физичко и здравствено образование. Активноста наречена „штафети во вреќи“, опфати повеќе елементи на заедничка тимска работа, работа во групи, меѓусебна соработка, дружење и учење едни од други. Тоа придонесе да се споделат нови искуства и да се навлезе во креативните спортски содржини, вежби и игри кои директно влијаат врз правилниот раст и развој на ученикот, ја подобруваат неговата физичка способност и здравјето и го потикнуваат на здравиот начин на живот. Дружењето на учениците од различни етнички групи и почитувањето на различностите ја зголемуваат самодовербата и учениците се учат да развиваат позитивни ставови, психосоцијални и интерперсонални комуникациски способности, со развиени вештини за позитивно емоционално изразување во спортските игри.
На настанот беа присутни и претставници од Македонскиот центар за граѓанско образование и Бирото за развој на образованието. Општина Струмица, како партнер организација во овој проект, ја обезбедува соработката со локалната заедница и училиштата, за остварување на програмските содржини од годишните програми на училиштата и стратегијата за образование на општина Струмица.