На 1 ноември 2026 година, Струмица ќе биде домаќин на „Струмица на улица“, тркачки настан кој ќе ги обедини учесниците околу заедничка цел – промовирање на заедништвото, тимскиот дух и вклучувањето.
Според најавата на организаторите, настанот е замислен како повеќе од обична трка. Во фокусот е пораката дека секој учесник има своја приказна, различна мотивација и сопствено темпо, но заедничкото трчање е можност за поврзување и меѓусебна поддршка.
Организаторите ги повикуваат заинтересираните да се пријават и да станат дел од „Струмица на улица“, придонесувајќи кон спортски настан во кој заедништвото ќе има посебно значење.
ПРИЈАВА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://www.strumicanaulica.mk/




















