strumica denes logo

Зголемен бројот на туристи и на ноќевања во Република Македонија

Автор:

Датум:

мај 13, 2023

Автор:

Датум:

мај 13, 2023

Во март годинава во земјава се регистрирани 47 490 туристи, од кои 32.5 % се домашни туристи, а 67.5 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во март изнесува 94 985, од кои 36.4 % се од домашните туристи, а 63.6 % од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 14.9 %. Кај домашните туристи има намалување за 7.4 %, а кај странските зголемување за 35.1 %.

Во првиот квартал година во однос на лани е зголемен и бројот на ноќевањата за 6.3 %. Кај домашните туристи има намалување за 6.8 %, а кај странските зголемување за 18.9 %.