Премиерот Христијан Мицкоски остварил средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Според неговата објава, во фокусот на разговорите биле потенцијалните инвестиции, проширувањето на инвестициските планови и можностите за користење на расположливите ресурси.
Мицкоски посочил дека целта е преку сериозни и долгорочни партнерства да се отворат нови можности за инвестиции и технолошки развој, како и да се зајакнат домашните капацитети.
Според премиерот, Македонија располага со потенцијал, ресурси и стратешка позиција кои можат да послужат како основа за продлабочување на соработката со Соединетите Американски Држави, во интерес на економскиот развој, безбедноста и стабилноста.
Во објавата не се наведени имиња на компаниите учеснички на средбата, ниту детали за конкретни инвестициски проекти.





















