strumica denes logo

СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕСТИЦИИ ВО ТУТУНОПРОИЗВОДСТВОТО

Автор:

Датум:

јануари 17, 2023

Автор:

Датум:

јануари 17, 2023

Тутунарите и годинава ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 10.000 евра. Парите се за набавка на опрема со која ќе им се олесни производството. Лани за прв пат 29 тутунопроизводители за оваа намена добија 4.5 милиони денари обезбедени од програмата за рурален развој.

Со новата рурална програма за 2023 година според Министерството за земјоделство има можности и тутунопроизводителите да аплицираат за новата мерка за бизнис план. Предвидена е финансиска поддршка до 10.000 евра по корисник за набавка на нови машини за садење и нижење, како и за нови сушари или друга опрема која ќе го олесни производството.

Со Програмата за рурален развој лани за прв пат со 29 корисници се потпишани договори за набавка на модерна опрема за тутун, со финансиска поддршка по корисник која вкупно изнесува 4.5 милиони денари.

Намерата е Програмата за рурален развој, да прерасне во инвестициска со буџет од една милијарда и педесет милиони денари и во 2023 да се реализираат сите мерки за кои имало интерес и резултати во производството на храна како што се за рурална жена, млад земјоделец, набавка на опрема, системи за наводнување и педигриран добиток.

Тутунот е застапен со 80 проценти од вкупната површината под индустриски култури и со 18 отсто учество во домашниот извоз е еден од најзначајните продавани земјоделски производи во странство. Од тутунот годишно државата остварува околу 140 милиони евра девизен прилив а со оваа дејност се занимаваат повеќе од 20 илјади семејства.

 

Извор: МРТ