strumica denes logo

ПЕЧУРКИТЕ, КОНЗЕРВИРАНОТО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК СТАНУВААТ ЛУКСУЗНИ: Министерството ја објави новата листа

Автор:

Датум:

септември 7, 2023

Автор:

Датум:

септември 7, 2023

Објавена редуцираната листа на производи за јадење кои ќе останат со ДДВ од 5 отсто кога ќе се донесат измените на Законот за данок на додадена вредност. На листата остануваат производи кои според Министерството за финансии, се „основни производи за човечка исхрана“.
Во новата верзија ја нема морската храна и раковите, сушената риба, сурутката кај млечните производи, некои јајца што не се од кокошка, видови на тешко достапни печурки за пошироките потрошувачки маси како тартуфи, шитаке и јудино уво. Сето ова повеќе нема да има повластена стапка од 5 отсто, анализира Фактор. Мк

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Тука влегува и ароматизираниот и неароматизиран чај, сушениот зеленчук, а интересно е тоа што се отстранети од новата листа и инсектите како храна која допрва треба да стане модерна.
Го нема повеќе егзотичните производи како сладок компир, салеп, маниока, ерусалемска артичока и други слични коренити плодови. Од мирудиите, ги нема луксузниот шафран, куркумата, кари, циметот, пиперот, ванилата, семињата како тие од ким, анасон и други. Поголем данок ќе има и за модерните житни култури како киноа, фонио и тритикале.

Ги нема сончогледот за грицкање, лененото семе, кокосот, сусамот, семе од афион, брашно и гриз од компири, путерот од кикирики, палмино масло, кокосово масло, печурки во тегло без оцет, зеленчукот и овошјето што е конзервирано или поинаку преработено.

Претходно министерот за финансии, најавувајќи ја листата, рече дека голем дел од нив се од луксузен карактер. Фатмир Бесими тука ги спомена уште брашното од соја, гумени бонбони, тропското овошје, месото од ирвас, сирење со мувла. пармезан, вафли и обланди. Извесно е дека покачениот ДДВ ќе предизвика и поскапување на овие производи.