Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот поскапуваат за денар, односно за денар и половина, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Цената на еуросупер БС-95 се зголемува за 1 денар, и со тоа новата цена ќе изнесува 72 денари за литар.
Еуросупер БС-98 и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1,50 денари и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 74 денари за литар, а на дизелот 64,5 денари.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство, исто така, ќе се зголеми за 1,5 денар на 53 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,951 денари за килограм, и со тоа новата цена изнесува 34,004 денари.