strumica denes logo

Македонците сакаат во ЕУ поради европски плати, а не поради владеење на правото!

Автор:

Датум:

јули 13, 2023

Автор:

Датум:

јули 13, 2023

Македонските граѓани ги сакаат европските плати и можноста за патување без граници, но се помалку во ЕУ гледаат како на бастион на демократијата, човековите права и владеењето на правото.

Европската унија ја губи привлечноста за македонските граѓани. Тие сè уште ги сакаат европските плати и можноста да се патува без граници, но сè помалку во Унијата гледаат бастион на демократијата, човековите права и владеењето на правото, велат аналитичарите.

Во последното истражување на јавното мислење на Балкан барометар, само 53 отсто од македонските граѓани одговориле дека членството во ЕУ ќе биде добро за економијата. Една третина од испитаниците одговориле дека тоа нема да биде ни добро ни лошо, а само 11 отсто од анкетираните одговориле дека тоа ќе биде лошо за економијата.

Една третина од граѓаните сметаат дека Македонија никогаш нема да влезе во ЕУ.

Друга анкета, на американскиот Меѓународен републикански институт, покажува дека на прашањето „Дали поддржувате влез на Северна Македонија во ЕУ?“, 79 отсто од граѓаните одговориле потврдно. Најниска поддршка за влез во ЕУ имало во април 2016 кога тој процент се спуштил на 71 отсто. Пред 10 години над 90 отсто од македонските граѓани биле за членство во ЕУ.

Политичкиот аналитичар Марко Трошановски од Институтот за демократија Социетас цивилис Скопје вели дека споредбата на двете анкети покажува дека македонските граѓани сакаат во ЕУ поради патување и плати, но сè помалку во Унијата гледаат идеал за демократија и владеење на правото.