Со вчерашниот меч против Брегалница заврши најуспешната сезона за Беласица во последните 14 години.
Некогашниот стабилен прволигаш од идната сезона повторно ќе биде дел од елитата на македонскиот фудбал, откако сезоната во ВМФЛ-Исток повеќе од заслужено ја заврши на првата позиција. Струмичани одиграа фантастична сезона, беа немолосрдни кон ривалите, а по мечот со Брегалница го подигнаа шампионскиот трофеј.
Покрај Беласица прволигашко друштво од Западот обезбеди тимот на Македонија Ѓорче Петров.
https://www.facebook.com/belasicafc/videos/1125778700897542/?t=8