2023 СТРУМИЦА ГРАН-ПРИ за СЕНИОРИ
РАСПОРЕД:
Струмица Гран-При ќе се игра во 12 турнири, еден турнир месечно. Турнирите ќе се играат во последниот викенд од секој месец (сабота или недела). Првиот турнир ќе се одигра на 28.Јануари (сабота) со почеток во 15ч.
ФОРМАТ:
12 одделни турнири го сочинуваат вкупното ГРАН-ПРИ. Играчите добиваат Гран-При поени според нивниот последен пласман по секој турнир. Играчот со највисок вкупен резултат на крајот од годината ја добива ГРАН-ПРИ наградата ШАХИСТ НА СТРУМИЦА ЗА 2023 година.
Партиите ќе се играат во формат РАПИД, 10минути + 5 секунди на потег. Секој турнир ќе се игра по Швајцарски систем во 9 кола.
При ист број на поени на месечните турнири, ќе одлучува правилото Бухолц.
Доколку на крајот од шампионатот, има двајца или повеќе играчи со ист број на поени, ќе се игра тај-брејк партија. Играчите ќе ги менуваат боите на фигурите додека не се случи одлучувачкиот резултат.
ГРАН-ПРИ ПОЕНИ:
Играчите ќе добиваат поени врз основа на нивниот конечен пласман по секој турнир:
1. Место – 25 поени
2. Место – 18 поени
3. Место – 15 поени
4. Место – 12 поени
5. Место – 10 поени
6. Место – 8 поени
7. Место – 6 поени
8. Место – 4 поени
9. Место – 2 поени
10. Место – 1 поен
Конечниот резултат на СТРУМИЦА ГРАН-ПРИ се состои од вкупните поени што играчите ги добиле на сите 12 турнири.
НАГРАДИ
На секој турнир ќе се доделуваат парични награди за прво, второ и трето место.
На крајот на СТРУМИЦА ГРАН-ПРИ ќе бидат доделени парични награди и пехари за прво, второ и трето место.
КОТИЗАЦИЈА
Доколку сакате да се пријавите и да учествувате на турнирите, потребно е да уплатите 150ден. на денот на турнирот.
КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИШ?
Можете да се пријавите со порака на ФБ, дирекно во просториите на клубот и со смс порака или повик на 075257068.
Бројот на учесници е ограничен на 30.
Пријави се!