Лидерот на табелата во ВМФЛ Исток, Беласица, не дозволи изненадување и продолжи да ја „гази“ конкуренцијата во лигата. Со сигурни 0-5 (0-1) денес беше совладана екипата на Тиквеш која се бранеше во првиот, а доживеа дебакл во вториот дел. Александар Василев по 20 минути игра го отвори резултатот и ја најави победата на гостите од Струмица.
Истиот фудбалер ја затресе домашната мрежа во 66. минута, момент, кој го означи почетокот на крајот за кавадарчани. Пепи Ѓорѓиев и Зоран Митевски постигнаа три гола во шест минути и ги поставија конечните 0-5 за Беласица.