Експедицијата на Академија Пандев синоќа требаше да слета во Скопје од Истанбул, враќајки се од подготовките во Анталија. Меѓутоа тимот остана во Истанбул, поради тоа што авионот не летна од турскиот град, поради густа магла.
Ако биде се како што треба, експедицијата на прволигашот од Струмица, треба да се врати вечерва „дома.
Академија Пандев на својот комплекс ќе ги продолжи подготовките за пролетниот дел од сезоната, во кој „Академците“, со оглед на табелата, во прв план ќе им биде останувањето во прволигашката конкуренција. Тоа не би требало да биде доведено во прашање, со оглед на промените на клупата и во играчкиот кадар во екипата.