strumica denes logo

Младински турнир „Пандев Куп 2018“ во Скопје и во Струмица

Автор:

Датум:

јули 28, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

јули 28, 2018

Категории:

Спорт

Фудбалскиот клуб Академија Пандев, под закрилата на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, продолжува со организација на меѓународни турнири, кои се можност за развој на младинскиот фудбал во Македонија. Од 30. јули до 4. август ќе се одржи меѓународниот младински турнир „Пандев Куп 2018“ во Скопје и во Струмица, на кој ќе учествуваат екипи од седум држави.

Натпреварите ќе се играат на терените на ФФМ и во Ѓорче Петров, како и во Струмица, а паралелно ќе се натпреваруваат екипи со генерации на фудбалери родени 2002, 2003, 2004 и 2005 година.

„Генерален покровител на „Пандев Куп 2018“ е токму Горан Пандев, а помагатели се ФФМ, Агенција за млади и спорт, Град Скопје, Општина Струмица, Државен Студентски Дом „Скопје“ и уште неколку компании. На гости во Македонија ќе пристигнат квалитетни младински екипи од други држави, како Брашов и Темишвар (Романија), Сесвете и Бубамара (Хрватска), Ботев Пловдив и Национал (Бугарија), Реал Ниш и Јагодина (Србија)…Ќе учествуваат и најдобрите македонски клубови Вардар и Шкендија, како и организаторот на турнирот, Академија Пандев. Се очекува навистина дефиле на талентирани млади фудбалери. Нашата интенција е да им понудиме на младите фудбалери најдобри услови за развој, а тоа секако е одигрување на вакви турнири од меѓународен карактер“, вели Југослав Тренчовски, шефот на стручниот штаб на сениорскиот тим на Академија Пандев, кој е и координатор на академијата на клубот.