ФК БЕЛАСИЦА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ВРАЌАЊЕ ВО ПРВАТА ЛИГА: ОФИЦИЈАЛНО, ВАСЕ БЕЌАРОВ НОВ ШЕФ НА СТРУЧНИОТ ШТАБ НА ФК БЕЛАСИЦА

јуни 9, 2023

Во пресрет на новата сезона, управата на ФК Беласица одлучи да го назначи искусниот стратег Васе Беќаров за нов шеф на стручниот штаб. Беќаров, кој ја поседува највисоката лиценца во светскиот фудбал според ФИФА/УЕФА стандарди ПРО лиценца, е тренер со долгогодишно искуство, а зад своето тренерско резиме може да се пофали со работа како селектор на У-17 репрезентацијата на Македонија, селектор на аматерската репрезентација на Македонија и секако шеф на стручниот штаб на гевгелиски Кожуф цели 6 години, што во денешниот македонски фудбал е вистинска реткост.

“Чест, задоволство и голема обврска е да се биде шеф на стручниот штаб и да се води еден клуб со голема традиција и реноме како струмичка Беласица. Благодарност до управата за укажаната доверба и поддршка која ја добив. ФК Беласица заслужува прволигашски статус и ние заедно секојдневно ќе се бориме за тоа” – изјави Беќаров.

Да му посакаме на Беќаров добредојде и сезона полна со успешни моменти!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ