Втората недела од Великиот Пост е посветена на светиот Григориј Палама. Како што првата недела од постот беше посветена на победата на православието над иконоборството, така и втората недела е посветена на победата на православното богословие над различните еретички учења, во 14 век. Оваа победа ја извојува светиот Григориј Палама. Тој е роден во 1296 година, во Мала Азија, од каде што неговото семејство побегна, пред наездата на Турците. Се преселија во Константинопол каде таткото на Григориј доби висока положба при императорот Андроник II Палеолог. Григориј стекна одлично образование, но не сакаше да врви по стапките на својот татко, туку замина на Света Гора каде што се замонаши и се оддаде на молитвено тихување (исихазам). Кога во 1330 година во Константинопол од Калабрија дојде учениот монах Варлаам, тој почна да шири неправославно учење за тоа дека Таворската светлина којашто Христос им ја покажа на Своите ученици е создадена твар. По молба на светогорските монаси, во заштита на православното учење застана светиот Григориј, објаснувајќи дека таа Божествена светлина е несоздадена, дека Бог иако е недостапен во Својата суштина, Се јавува Себеси во Своите несоздадени енергии, каква што е Таворската светлина, кои се упатени кон светот и се достапни за восприемање. Неговото учење беше оправдано на Константинополскиот Собор во 1341 година, а Варлаам беше осуден како еретик. Светиот Григориј им се спротивстави и на други еретички учења, како она на бугарскиот монах Акиндин, а пишуваше и против мухамеданството. Од константинополскиот патријарх Јован Калека, следбеник на Варлаама, беше објавен за виновен за предизвикување црковен смут, одлачен од Црквата и ставен во затвор, каде што помина три години. Откако беше сменет патријархот Јован Калека, светиот Григориј Палама беше ослободен и поставен за архиепископ на Солун. Се упокои во 1359 година, а неговите мошти почиваат во неговата црква во Солун.
ВТОРА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ: Недела на свети Григориј Палама!
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека…
Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува…
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На…
Утре е голем и тежок христијански празник Св. Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по…
На 28 Ноември во 19:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ќе настапи група составена од студенти-волонтери од различни…
На почетокот на видео обраќањето Орбан ги откри причините за свикување на вонредната седница на унгарскиот совет за одбрана. „Среда…