strumica denes logo

ДЕНЕС Е СВ. АТАНАС – ГОЛЕМИОТ БОРЕЦ ЗА ВИСТИНСКО ПРАВОСЛАВИЕ

Автор:

Датум:

јануари 31, 2025

Категории:

Празници

Автор:

Датум:

јануари 31, 2025

Категории:

Празници

Нашиот народ денес го празнува споменот на Свети Атанасиј Велики, Танасовден –зимен, а името Атанас доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен. Свети Атанас се смета за помагач и другар на СвАндон, можеби тоа е причината поради која двата празника се празнуваат еден по друг.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците. Сепак како предупредување дека зимата не е замината односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“.

Сепак се верува дека времето оди на лето, дека поминале зимата и големите студови карактеристични за јануари. Исто така се верува дека тешко е до Св. Атанас, а кога тој ќе помине „и то што му беше за умирајне – не са прададуве“ (и оној што беше за умирање нема да умре.)

Свети Атанасиј е домашен празник на многу семејства, но и на цели села, а именден празнуваат, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Најпознат манастир посветен на светиот Атанасиј Велики е оној во с. Лешок, Тетовско. Едно врме од крајот на 17 век, црквата била напуштена, а потоа овде живеел и Кирил Пејчиновиќ, во дворот на црквата се наоѓа и неговиот гроб, а во манастирските конаци е оригиналната надгробна плоча со текст испишан од неговата рака.

Свети Атанасиј наречен Велики е роден во Александрија во 296 година. Едно време минал во пустина заедно со Свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот Вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против Ариевската ерес, а со тоа си го навлекол врз себе гневот на Ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење Свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети.

Само една година по Никејскиот собир бил поставен за архиепископ во Александрија и тука на архиепископскиот стол останал 46 години. Свети Атанасиј бил протеруван во прогонство, каде минал цели дваесет години. Умрел на 2 мај во 373 г.