strumica denes logo

АМИН: Денеска се слави Св. Наум Чудотворец – ги лекувал сите што ќе му се обрателе со верба!

Автор:

Датум:

јануари 5, 2020

Категории:

Празници

Автор:

Датум:

јануари 5, 2020

Категории:

Празници

Свети Наум е запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по него.

Преподобниот Наум Охридски – Чудотворец има два празника, едниот е во зимскиот период и се празнува на 5 јануари (или 23 декември според јулијанскиот календар), а другиот во летниот период на 3 јули (20 јуни). Тој лекувал од секакви болести и луѓе од разни вероисповеди, односно сите што искрено и со верба му се обраќале.

Свети Наум е запаметен и по заштитата на манастирот, по наградувањето на оние што со добра мисла доаѓале во кругот на манастирот и казнувањето на оние што иделе со намера да направат штета, да го испоганат објектот или да го навредат светителот. Kултот на свети Наум зрачел не само во охридскиот крај, туку и во преспанскиот, па дури до Kорча, каде што манастирот имал свои имоти. Kултот бил раширен и во Унгарија и Романија каде што имало иселеници од овие краишта.

Во житието на свети Наум се вели дека тој е брат на свети Kлимента. Некои истражувачи сметаат дека станува збор за собрат во духовна смисла, но повеќемина се убедени дека биле родени браќа – св. Kлимент бил епископ, а св. Наум презвитер, а во православието епископ и презвитер никогаш не се нарекувале браќа.

Иако податоци за чудотворната моќ на светителот има и во житијата, сепак, култот на св. Наум најмногу е присутен во народните преданија. Цепенков го забележал народното верување дека св. Наум бил „да лекуат улаите“. Оттука и охридската поговорка кој за ум, кој за свети Наум“. Лекувањето душевно болни е честа тема и во народните преданија и легенди поврзани со неговото име, а вакви сцени се прикажани и на фреските во неговиот манастир.