Најновиот извештај на ИДСЦС организација која го следи работењето на Собранието покажува дека пратениците од Струмичкиот регион се ангажирани во парламентот сериозно.
Имено, настапите на Собраниската говорница убедливо се најкрактеристични за пратеникот Дајанчо Ефтимов. Тој на собраниската говорница се задржал 323 минути низ своите различни настапи на говорницата.
Во Извештајот за набљудување на дебатата во Собранието во првите десет по истиот основ се наоѓа и пратеничката Ели Панова која своите настапи до јули кога е завршено набљудувањето ги направила во 216 минути.
Во овие настапи спаѓаат големиот број на поднесени амандмани, предлози, реплики и контрареплики и секогаш спремноста да се слушат ставовите и аргументите на другите.
Пратениците Ели Панова и Дајанчо Ефтимов на своите профили на социјалните мрежи објавија дека ова е потврда за ангажираноста околу проблемите на сограѓаните и заложба за нивната понатамошна активност во Собранието.