Во овој момент има се, само нема контрола врз пандемијата. Не можам јас да зборам за избори кога во моментов сеуште се бројат мртвите од корона вирусот,вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Тој побара одговорно однесување, бидејќи економијата е застаната и за три месеци владата потрошила 120 милиони евра за корумпирање на изборите кои не се случија.
Бизнисите замираат. Доктори сеуште ни се заразуваат од корона, и причината не е затоа што не ја користат опремата добро, туку затоа што имаат недоволна заштита. Училиштатата не работат, факултетите исто така, а власта сака избори затоа што се надева на корупција на изборите и слаба излезност поради оправданиот страв на граѓаните да гласат поради корона кризата-објасни Мицкоски.