Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова е кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата на претстојните изборите закажани за 21 април. Силјановска е избрана на партиската конвенција со вкупно 408 гласови. Со тоа, ја освои номинацијата уште во првиот круг.
На конвенцијата присуствуваа 553 делегати, а гласаа 519. Силјановска беше еден од деветте кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата покрај Влатко Ѓорчев, Филип Петровски, Горан Ангелов, Илија Димовски, Сашо Култешовски, Никита Шекутовски, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков.
По изборот, им заблагодари на делегатите за довербата. Рече дека многу добила од Макеоднија и дека е време да и врати за тоа.