Во рамките на синоќешната седница, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука и за избор на Извршен Комитет на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ. Дел од извршниот комитет на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ, ќе бидат и актуелниот Претседател на Унијата на Млади Сили О.К Струмица, Владимир Ристов и секретарот на УМС во Струмица, Елена Орцева.
,,Гордост е да се биде дел од најголемата движечка сила,моторот на партијата,со еден збор УМС-големо семејство каде политичкиот дијалог и реалното согледување за потребите и решавањето на проблемите на младите се клучот на успехот.
Како млад човек,дел од најголемата движечката сила во општеството УМС особена чест и задоволство е да споделам со Вас дека синоќа по предлог на претседателот на УМС на ВМРО ДПМНЕ – Лука Кржалоски, а со одлука на Извршниот комитет на партијата сум избрана за член на ИК на УМС на ВМРО ДПМНЕ. Со заеднички сили до нови победи! Да живее УМС на ВМРО-ДПМНЕ! “ – изјави Елена Орцева
Инаку, извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница донесе и одлука за реизбор на Александар Донев за Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.