strumica denes logo

ДАЈАНЧО ЕФТИМОВ: ПОЛИЦИСКИ ЧАС – МЕРКА НА „МОЌНАТА ВЛАДА“

Автор:

Датум:

март 22, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Автор:

Датум:

март 22, 2020

Категории:

ВМРО-ДПМНЕ

Дајанчо Ефтимов: „Полициски час“ мерка на „Моќната влада“

Со водедување на Вонредна состојба се отвори вратата за брзи и конкретни решенија со цел заштита на здравјето на граѓаните и справување со епидемијата од вирусот „КОВИД 19“.

Една од првите мерки е токму ограничување на правото на слободно движење на граѓаните инаку гарантирано со Уставот во член 27. Секој граѓанин на Република Македонија има право слободно да се движи на територијата на Републиката и слободно да го избира местото на своето живеалиште. Секој граѓанин има право да ја напушти територијата на Републиката и да се врати во
Републиката.

Остварувањето на овие права може да се ограничи со закон, единствено во случаите кога е тоа потребно заради заштита на безбедноста на Републиката, водење на кривична постапка или заштита на здравјето на луѓето.)

Во период од 21 часот до 06 часот секој ден на целата територија на Република Македонија е прогласен полициски час. Таа можност ја наоѓаме во член 54 од Уставот: Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да се ограничат само во случаи утврдени со Уставот. Слободите и правата на човекот и граѓанинот можат да бидат ограничени за време на воена или вонредна состојба…

Ограничувањето на слободите и правата не може да биде дискриминаторско по основ на пол, раса, боја на кожа, јазик, вера, национално или социјално потекло, имотна или општествена положба.

Ваква пракса не познава Република Македонија и треба ревносно спроведување на мерката. Клучно прашање е имплементација од страна „моќната влада”. Дозата на сомневање следи поради очигледните пропусти во досегашното однесување и постапување за заштита на граѓаните и демонстративното одбивање на подадена рака од опозицијата заради единствената цел заштита на граѓаните.

Полициски час е сериозен и конкретен чекор но, дали истиот е задоцнет и многу ,,благо применет” во врска со времето на кое се однесува (21 до 06 часот) допрва ќе се види. Се разбира треба точно да се процени за да не биде доцна бидејки нема реверзибилност на процесите.

Треба да бдееме над мерките кои ги носи условно речено ,, моќната влада” за луѓето околу власта со ,, кратки ракави” да не стекнат надеж дека во кризата ќе компензират потреби и загуби.

Целиот процес ќе биде под лупа на опзицијата која сега има сериозна задача да биде конструктивна и да го охрабрува и крепи својот народ.

СЕ Е ОПРАВДАНО, АКО Е СО ЧЕСНА НАМЕРА ДА СЕ ПОМОГНЕ НА ГРАЃАНИТЕ.
СЕТО ДРУГО Е КРИМИНАЛ ЗА КОЈ СЕ ОДГОВАРА.