Дајанчо Ефтимов, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:
Почитувани,
Ми претставува чест што во овие судбоносни времиња за нашиот народ и за Македонија ја добив довербата да бидам Кандидат за пратеник на ВМРО – ДПМНЕ во Четврта изборна единица.
За мене најважна е поддршката што ја имаме од сограѓаните и членовите со кои секојдневно работиме.
Благодарност за подршката од месните и општинските комитети, Централниот комитет на Партијата и човекот во кој Македонија ги полага сите надежи – Лидерот Христијан Мицкоски.
Ни претстојат важни денови! Денови што може да се наречат историска и неповторлива шанса да направиме решителни чекори за нашата и за иднината на нашите деца.
Ве повикувам да ни се приклучите заедно да бидеме активни во име на обновата на татковината што ја ветуваме!
На 12 ти април обединети и сигурни во делата да дадеме силна поддршка на Програмата и кадровскиот потенцијал на ВМРО- ДПМНЕ за да победи:
Обновата на Македонија!
Да живее ВМРО- ДПМНЕ !
Да живее Македонија !