strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Општина Струмица е задолжена 93 милиони денари, a се бараат нови 380.000 евра за ЈП Струмица гас да не банкротира!

Автор:

Датум:

ноември 29, 2022

Автор:

Датум:

ноември 29, 2022

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Задолженост на Општина Струмица:

📍 93 милиони денари ( 1,5 милиони евра ) за кредит од Светска Банка за секундарна гасоводна мрежа и далечински водомери – кредитот граѓаните започнуваат да го враќаат од 2023г.

📍 Според финансиското работење на двете претпријатија за кои е земен ( ЈП Комуналец и ЈП Струмица гас ) – кредитот ќе се исплати во наредни 90 години.

📍 Услугите на ЈП Струмица гас ги користат помалку од 1% од домаќинствата и стопанските објекти во Струмица.

❌ Сега се бараат нови задолжувања од 20 милиони денари ( 380 000 евра ) за да може претпријатието да не банкротира.

❗Со овој начин на работа ниту нашите внуци нема да можат да ги вратат овие задолжувања.