(ФОТО) ДЕЛЕГАЦИЈА НА УМС НА СОВЕТОТ НА МЛАДИНАТА НА EPP ВО БУКУРЕШТ!

септември 24, 2018

Делегација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Лука Кржалоски, меѓународниот секретар на Унијата Владимир Бошњаковски и членот на ИК Владимир Ристов од Струмица присуствуваа на седницата на Советот на политичкиот подмладок на Европската Народна Партија.

Како што стои во официјалната информација на Советот се разговараше за вршење на одредени статутарни промени во основните документи на организацијата, како и за потенцијални амандмани на програмата на YEPP во очи на парламентарните избори за парламентот на ЕУ. Во дискусијата делегатите на УМС силно се залагаа, проширувањето на ЕУ да игра поголема улога во програмата. На маргините на Советот исто така се водеа преговори, во рамки на регионалниот блок во кој УМС припаѓа, а во однос на заеднички и координиран настап на претстојниот Конгрес на YEPP, кој ќе се одржи во ноември. Тогаш имено, ќе се избира нов претседател и ново раководство на организацијата. УМС ќе заземе позиција при изборот на новото раководство на YEPP во согласност со своите стратешки интереси, во соработка со своите најблиски партнери, како и врз основа на своите фундаментални принципи.

Пред повеќе од 100 делегации нашата делегација имаше можност да ја претстави и промовира Република Македонија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ