Во СВР Струмица вчера (16 ноември 2026 година) бил пријавен случај во кој 36-годишен струмичанец останал без својот личен накит по расправија во парк во Струмица.
Според информациите од полицијата, Ѓ.Р. (36) од Струмица пријавил дека по претходна расправија, Н.С. од селото Сарај, струмичко, употребил физичка сила и му го одзел личниот накит.
Од СВР Струмица информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.





















