Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на Донев, по текстот следува и видеото:
ПОЧИТУВАНИ МЕДИУМИ
ЗОРАН ЗАЕВ ВО СЦЕНАРИОТО ЗА КАПИТУЛАЦИЈА НЕ ДОБИ ПОДРШКА НИТУ ОД СТРУМИЧАНИ, НИТУ ОД СВОИТЕ СОСЕДИ.
ЗОРАН ЗАЕВ НЕ УСПЕА ДА ГИ ПОВТОРИ ГЛАСОВИТЕ НА СДСМ ОД ПРЕТХОДНИТЕ ЦИКЛУСИ:
-НИТУ НА НИВО НА ОПШТИНА СТРУМИЦА, ОДНОСНО ЈА ГУБИ ПОДРШКАТА НА СТРУМИЧАНИ,
-НИТУ ВО НЕГОВОТО ИЗБИРАЧКО МЕСТО КАДЕ ШТО ГЛАСА САМИОТ ТОЈ, ОДНОСНО ЈА ИЗГУБИЛ ДОВЕРБАТА КАЈ СОСЕДИТЕ.
ЗА ШТЕТНОСТА НА ДОГОВОРОТ И ОДБИВАЊЕТО НА НЕГОВАТА ПОЛИТИКА ОД ПОСЛЕДНИВЕ ГОДИНИ НАЈДОБРО ЗБОРУВА И СТАТИСТИКАТА ЗА РОДНОТО МУРТИНО КАДЕ НЕ САМО ШТО НЕ ГИ ПОВТОРИ ГЛАСОВИТЕ НА КОСТА ЈАНЕВСКИ И МАРЈАН ДАСКАЛОВСКИ ОД МИНАТОГОДИШНИТЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ ТУКУ РЕЧИСИ ЕДНА ТРЕТИНА ОД ГЛАСАЧИТЕ КОИ ВО 2013 ГОДИНА ГЛАСАА ЗА ТРЕТ МАНДАТ НА ЗОРАН ЗАЕВ ОВОЈПАТ НЕ ГО ПОДРЖАА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА.
ИМЕНО, ПОВЕЌЕ ОД 30 ИЛЈАДИ СТРУМИЧАНИ ОДНОСНО 63 ПОСТО РЕШИЈА ДА НЕ УЧЕСТВУВАТ ВО ДОНЕСУВАЊЕ НА ШТЕТНАТА ОДЛУКА.
ПОЧИТУВАНИ,
СДСМ ВО СТРУМИЦА Е ВО ПАНИКА ЗАТОА ШТО РЕЗУЛТАТИТЕ ЈА ПОКАЖАА ВИСТИНСКАТА СЛИКА
СВЕДОЦИ СМЕ НА ПРИТИСОЦИТЕ ВРЗ АДМИНИСТРАЦИЈАТА И СТОПАНСТВОТО ПРЕД РЕФЕРЕНДУМОТ И ОВИЕ ДЕНОВИ ПОТОА.
СВЕДОЦИ СМЕ НА ОГЛАСИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ КАДЕ СЕ НУДАТ И ОЧИГЛЕДНО ДОБРИ ПЛАТИ ЗА РАБОТА ВО ОПШТИНАТА НО И ПОКРАЈ ТОА РЕЗУЛТАТИТЕ БЕА ПОРАЗИТЕЛНИ ЗАТОА ШТО НАМЕСТО РАБОТА И ПРОЕКТИ СДСМ НЕ НАПРАВИ НИШТО ЗА СОГРАЃАНИТЕ БИДЕЈЌИ СЕ ЗАФАТЕНИ ЕДИНСТВЕНО СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА СВОЈАТА ТАКАНАРЕЧЕНА – ЕКОНОМСКА КОМОЦИЈА. ДУРИ И МАНИПУЛАТИВНОТО ПРАШАЊЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ И КАПИТУЛАНСТКИОТ ДОГОВОР ПРЕД СОГРАЃАНИТЕ ГО ОПРАВДУВАТ СО ТАКВА РЕТОРИКА. КАКО ИНАКУ ДА ЈА ОБЈАСНИМЕ СРАМНАТА И БЕЗОБЗИРНА ИЗЈАВА НА ПРАТЕНИК ОД СТРУМИЦА ВО КОЈА ВЕЛИ:
-КОГА НЕМАШ ЕКОНОМСКА КОМОЦИЈА КОГА БУКВАЛНО СМЕ… ПРИЛИЧНО БЕЗ ПАРИ – ЧУМУ НИ Е ИДЕНТИТЕТОТ МОЖЕ ДА СЕ ОБЈАСНИ ЕДИНСТВЕНО КАКО ЛИЧНА НЕКАДАРНОСТ НА ЛОКАЛНИОТ СОСТАВ НА СДСМ ОД СТРУМИЦА И ВООБИЧАЕНО ПОТЦЕНУВАЊЕ НА СОГРАЃАНИТЕ ВО РЕЧИСИ СЕКОЈА СФЕРА НА ОПШТЕСТВЕНОТО ЖИВЕЕЊЕ ПА ДУРИ И НАЦИОНАЛНОТО ДОСТОИНСТВО ДА СЕ ДЕКЛАРИРА СО ПАРИЧНА ВРЕДНОСТ.
Ви благодарам.