Во рамките на кампањата за вонредните локални избори во Ново Село и претседателската кампања активностите во регионот ги водеа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и членови од Извршниот комитет Цветан Трипуновски, Дајанчо Ефтимов.
Од пазарот во Ново Село екипата испрати порака до сограѓаните да излезат и да гласат за Николчо Стоилков кој води во првиот круг и, за Гордана Силјановска- Давкова која во првиот круг поведе со убедлива разлика од 600 гласа и покажа какви се очекувањата на Ново село.
Мисајловски истакна дека “за милиметри, за 20 гласа разлика” Николчо Стоилков треба да излезе во втор круг. Но, расположението помеѓу поддржувачите на Николчо Стоилков, Гордана Силјановска и ВМРО- ДПМНЕ во Ново Село е доста позитивно, посетени се голем број домаќинства и допрено е до голем број граѓани, а впечатокот според нив е охрабрувачки.
https://www.facebook.com/misajlovskivlado/videos/2048713591904054/?t=0